Најмалку 101 лице загинаа, а 68 се водат како исчезнати во големите поплави и лизгање на земјиштето во Мексико, предизвикани од поројните дождови, изјави министерот за внатрешни работи Мигел Анхел Осорио Чонг. Од почетокот на поплавите властите евакуирале од туристичкиот центар Акапулко над 58.000 туристи, а евакуацијата продолжува и натаму.
Се очекува аеродромот во градот од утре целосно да продолжи со работа. Поради разурнатите мостови и блокираните патишта Акапулко всушност останал отцепен од останатиот дел на територијата на Мексико. Оваа недела, првпат по 50 години Мексико истовремено беше погодено од две тропски бури.