Трамп за пресудата на Врховниот суд: Голема и важна победа за Америка

Од:

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Америка, која му овозможи да остане на гласачкото ливче во Колорадо, претставува голема победа за Америка.

„Ова е голема победа за Америка. Многу, многу важно. Подеднакво важна за нашата земја ќе биде и одлуката што наскоро ќе ја донесе Врховниот суд за имунитетот на претседателот – без која функцијата на претседателот би станала само церемонијална, што е далеку од она што основачите го планирале“, рече Трамп во изјавата за Фокс њуз.

Тој додаде дека ниту еден претседател не може да функционира правилно и ефикасно без „целосен имунитет“.

„Нашата земја би била изложена на голем ризик“, рече Трамп.

Претходно денеска, Врховниот суд едногласно застана на страната на поранешниот претседател, поништувајќи ја одлуката на државата Колорадо со која беше дисквалификуван поради неговата наводна вмешаност во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Судиите на Врховниот суд ја соопштија одлуката ден пред утрешниот „супер вторник“, кога републиканците во 15 сојузни држави одат на внатрепартиски избори.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи

Трамп не ја сака Хејли за потпретседател, ѝ посакува се најдобро

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари