Ампева: Основан е нов синдикат „Гласен Синдикат за работниците“

Од:

– Претседателката на Здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева денеска информираше дека е основан нов синдикат „Гласен Синдикат на работниците” кој, како,што вели, во иднина ќе се бори за сите неправилности сторени врз работниците, за сите неправди и непочитување на работничкиот труд. Посочува дека Синдикатот почнува од текстилниот сектор, бидејќи Штип е град на текстилот, но ќе се шири и низ останатите градови за, како што вели, да им се даде вистинска заштита на работниците.

-За поголема заштита и вклучување во дијалогот на национално ниво, во вклучување наше во работни групи за измени и носење на закони кои ги засегаат работниците, беше неопходно да се основа овој синдикат, кој нема да биде продолжена рака на политичките партии, на работодавачите и разни центри на моќ. Ова е Синдикат кој единствено ќе им служи на потребите на работниците, ќе им ја понуди сета помош и поддршка за заштита и унапредување на нивните работнички права, но и заеднички ќе водиме борба за достоинствени работни услови и плата достојна за живот, вели Ампева.

Таа посочи дека со основањето на овој Синдикат, сакаат да дадат до знаење на целата јавност, а особено на работниците од целиот приватен сектор, дека заврши времето на жолтите синдикати кои беа „слепи” и „глуви” за проблемите на работниците.

– „Гласен Синдикат на работниците” е новата реалност која на работниците им беше и им е повеќе од потребна. „Гласен Синдикат” секогаш ќе се бори гласно и секогаш ќе биде рамо до рамо со работникот. Затоа ги повикуваме сите работници од приватниот сектор да ни се приклучат и целосно да ни ја дадат довербата, бидејќи ќе направиме промени кои до сега биле само ветувани. Бидејќи низ годините докажавме дека сме чесни и искрени во нашата мисија и како здружение, а сега преку синдикатот, таа борба ќе биде на многу повисоко ниво, со далеку поголема моќ, додава Ампева.

Таа денеска ги повикува сите чесни и искрени синдикалци, работници и работнички од целиот приватен сектор, да се приклучат во заедничката борба за пристојни услови и плати во земјава.

Би можело да ве интересира

Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници

А1он

„Гласен Текстилец“ има примено над 2.000 преставки за исплата или неисплата на К-15

„Гласен Текстилец”: Носењето на измените на Законот за работни односи пораз за работниците, синдикатите и за нас како организација

Ана Ололовска

„Гласен Текстилец“: Предлог-измените во Законот за работни односи на штета на работниците

Горан Наумовски

„Гласен текстилец“ ќе го оспори Законот за недела неработен ден

Ана Ололовска

„Гласен текстилец“ со отворено писмо од македонските пратеници бара да се донесе петтиот сет мерки

Ана Ололовска