Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

Од:

Учеството на Израел на Евровизија е неизвесно откако во два наврата испратија песна чиј текст алудираше на нападите врз Газа и општо за конфликтот кој трае уште од октомври.

Условот на ЕБУ е во текстовите да се поништат сите елементи на политика за Израел да го задржи правото да настапува на Евровизија. Првично, израелската делегација под ниеден услов не прифаќаше да се смени текстот на песната „October Rain“ која треба да биде исполнета од младата пејачка Еден Голан.

Тие предложија и втора песна, која исто така не била прифатена затоа што содржи политички пораки и воспевање на настаните во кои и Израел и Палестина изгубија премногу човечки животи.

Евровизиските онлајн заедници упорно повикуваат на забрана за учество на Израел, правејќи паралела на забраната за учество на Русија од 2022 година наваму. Досега поради политички пораки биле банирани претставници на Белорусија и Грузија.

Од друга страна евро-заедниците сметаат дека многупати песни со политички пораки лесно биле пуштени да се натпреваруваат. Затоа и сметаат дека ЕБУ ќе им прогледа низ прсти на Израел, знаејќи дека повеќе израелски фирми се спонзори на натпреварот, но и дека израелскиот радиодифузер вложува навистина многу пари во фестивалот.

Па така, за да се задржи континуитетот во учеството, Кан, израелскиот радиодифузер ѝ порачал на Еден Голан да ги прилагоди текстовите за да се исфрлат стихови како „Нема веќе воздух за дишење“ или „Сите тие беа добри деца, сите до едно“, кои алудираат на заложниците и затворениците од двете страни.

Од страна на тимот на пејачката се уште нема став дали ќе го послушаат советот за промена на текстот. Во минатото, после две одбиени песни, земјата учесник автоматски го губеше правото на учество.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан