Апасиев: Покажавме дека имаме структура која им боде очи на нашите непријатели

Од:

Покажавме дека зрееме и растеме и имаме дисциплинирана структрура која почнува да боде очи на нашите политички непријатели, кои до вчера не потценуваа вели лидерот на Левица Димитар Апасиев откако кандидатката на партијата Билјана Ванковска ги собра потребните потписи за претседателска кандидатура.

– Огромно фала до нашите активисти од локалните ограноци и волонтери на штандовите низ цела Македонија. Без вашето оставање срце на терен, ништо од ова немаше да биде можно. Благодарност и до професорката која си го жртвуваше раатот и влезе искрено во борбата за нашата заедничка кауза. Собирањето потписи сé уште трае (до 8 март 2024). Сите кои сакате да оставите политичка трага на едно големо народно будење, можете релаксирано да се потпишете до крајниот рок. Канцелариите на ДИК работат и за викенди, до 20:00 часот, порачува Апасиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Апасиев: Коцевски го изгуби легитимитетот – тврдиме дека постои политички дил со премиерот

А1он

Апасиев го тужи Гаши за Надзорната расправа за трагедијата во Кочани

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание

А1он

Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагираше собраниското обезбедување

Катерина Ѓуровски

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Апасиев се пофали со поканата за парадата на Путин за Денот на победата