ВИДЕО: Џоди Фостер за малку ќе се удавела на снимањето на популарната серија

Од:

Речиси на секое снимање на серија или филм се случуваат непредвидени ситуации кои актерите можат да ги чинат живот. Џоди Фостер тоа го доживеа двапати.

Неодамна на платформата HBO Max и на HBO каналите беше прикажана последната, шеста епизода од четвртата сезона на серијата „True Detective“. Веднаш потоа беше потврдено снимањето на петтата сезона.

Главната улога во четвртиот дел, началникот на полицијата на Алјаска, ја толкува Џоди Фостер, која во интервју за магазинот GQ откри дека за малку ќе се удавела додека ја снимала сцената во која паѓа во морето откако мразот се скрши под неа.

„Тоа беше застрашувачки ден. Тие изградија голем резервоар за вода. Моите чизми и јакната беа тешки, сè што беше на мене тежеше и морав да паднам во водата. Беше црно, не смеев да носам контактни леќи, па ништо не гледав“, откри актерката и додаде:

“Сè беше затворено освен мал простор на површината, а јас не знаев како да излезам на површината. Бидејќи и облеката и чевлите ме тежеа, не можев нити да се издигнам нагоре иако се обидував. Нуркачот мораше да дојде до мене и да ме извлече на површината, бидејќи не можев да го најдам делот каде што требаше да излезам. Бев ужасно исплашена“.

Покрај овој пех, актерката имаше уште еден, а тоа беше на снимањето на нејзиниот прв филм. Имено, и тогаш животот и „висеше на конец“, поточно поради несреќа на снимање и таа можеше да заврши фатално.

Би можело да ве интересира

Милош Биковиќ доби улога во позната светска хит серија

Спајк Ли подготвува документарец за 20-годишнината од 11. 9. 2001

Ана Ололовска

ВИДЕО: ХБО објави сцена од новата сезона на „Игра на тронови“

Наум Локоски