Дел од маркетите ги зголемиле цените, Пазарен инспекторат ќе проверува дали купувачите се доведени во заблуда

Од:

Првичните информации од Државниот пазарен инспекторат покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат, откако од денеска повеќе не важи одлуката на Владата за „гарантирани цени“ на дел од прехранбените производи.

Од Пазарниот инспекторат велат дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираат на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало.

– Она што исто така го имам како информација е дека снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало со тоа што се очекува да се покачат цените, но повикувам на општествена одговорност од страна на трговците на мало и на трговците на големо со цел доколку има простор и можност цените да ги остават на истото ниво, изјави денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Вели дека не можат да влијаат на цените, но верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.

– Од тоа што го видов во изминатиот период дека неколку големи трговци на маркети како општествено одговорни дадоа дополнителни намалувања на дополнителни прехранбени производи коишто не беа опфатени со одлуката на Владата, верувам дека тоа ќе се случи и сега, а граѓаните ќе одлучат во кој од нив ќе пазарат, бидејќи не можеме да спречиме доколку цената на лебот од 29 денари порасне на 35 денари, рече Трајковски.

Она што во следниот период ќе го контролила Пазарниот инспекторат, како што појасни Трајковски, е дали се почитуваат Законот за трговија, Законот за заштита на потрошувачи, односно дали соодветно се води трговска евиденција, дали потрошувачите евентуално се доведени во заблуда, една цена на рафт, една цена на каса, реалност на попустите и слично.

Во текот на вчерашниот ден, инспекторите на Пазарниот инспекторат направиле контрола во сите големи ланци на маркети низ државата по однос на одлуките на Владата, но за резултатите, како што рече Трајковски, мора да се причека додека надзорите не завршат во целост.

– Надзорите се пообемни и ќе траат три до четири дена, а од првичните информации утврдено е дека има одредени прекршоци но ќе почекаме да завршат надзорите во целост и да ги соопштиме конечните податоци, рече Трајковски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Ристески: Законот за нефер трговски практики ќе ги намали цените на производите барем за 10 отсто

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

СДСМ: Ние намаливме цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Горан Наумовски

Дурмиши: Цените не се замрзнуваат, маржата се ограничува до 10 отсто

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста