Златната „Камера 300“ за шпанскиот кинематографер Кико де ла Рика

Од:

Шпанскиот кинематографер Кико де ла Рика во чии раце беше камерата во филмот „Снежана“ е годинашен лауреат на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој вечерва заврши во Битола.

Меѓународното стручно жири одлучи сребрената „Камера 300“ да ја додели на кинематограферката Виргин Сент Мартин која го снимаше филмот „Танго либре“, додека бронзената „Камера 300“ му припадна на полскиот кинематографер Кшиштов Птак и филмот „Папуша“.

Традиционално за време на свеченото затворање беа доделени и други фестивалски награди вклучувајќи ги и специјалните награди „Златна Камера 300“ за особен придонес во светска филмска уметност.

Годинешни добитници на ова високо фестивалско признание се директорката на фотографија Ањес Годар и актерката Избел Ипер на кои наградите им ги врачи министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

– Фестивалот „Браќа Манаки“ е ода за големата љубов меѓу кинематограферите и камерата. Тој веќе со децении не потсетува на големиот фотографски и филмски опус, на непобитните фактографски и естетски вредности на богатиот трезор на браќата Милтон и Јанаки Манаки. 34-то издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ оваа година беше во духот на индикативната синтагма „Пушти ја светлината“. Како добри домаќини го отворивме прозорецот и тој, и покрај вечерашното затворање на фестивалот, останува отворен за светлината што до нас стасува од далечните простори но, и за светлината што од нас, излегува се посилно и допира се подалеку, рече меѓудругото министерката Канческа Милевска на вечерашното затворање на фестивалот во Битола.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски