Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска оствари средба со земјоделците производители на тутун во Кривогаштани. На средбата беше заклучено дека е постигнат заеднички успех, откупено е целото производство од реколтата 2023 и тоа по рекордно висока цена од 365 денари по килограм.
„Сакам да ви се заблагодарам на вас тутунарите, кои со својата обединетост, заедно со нашата упорност како министерство, се изборивме да имаме рекорна откупна цена од 365 денари по килограм за целокупната количина предаден тутун. Ова е резултат на нашaта успешна соработка, која ќе продолжи и во наредните години. Годинешниот откуп го завршуваме со откупени 14.763 тони тутун. Ова потврдува дека уште при креирањето на мерките, заедно со вас тутунарите, до најмала децимала го знаевме производството и успешно креиравме мерки за развој на тутунопроизводството. Уште во ноември минатата година, навремено ги започнавме разговорите со сите откупувачи на тутун потенцирајќи дека од нив очекуваме фер откупна цена, која ја почитува вашата мака“ рече министерот Николовски на средбата со производителите на тутун.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство редовно ја следеше состојбата со производството и врз основа на тоа беше проектирана и можната количина на произведен тутун. Заедно со тутунарите во декември минатата година беше договорено зголемување за 20 денари на субвенциите, по класи предаден тутун. Мерка која навремено беше вградена во програмата за директни плаќања за 2024 година. Уште тогаш на тутунарите им беше соопштено дека на располагање повторно и оваа година го имаат истиот буџет од 26 милиони евра, како поддршка од држвата.
– За целиот период, остварени беа бројни средби и со производителите и со откупувачите на тутун. Целта на Министерството за фер цена која реално ќе го вреднува производството на тутун резултираше со наша упорност откупните компании да бидат коректни при откупот. При тоа и тутунарите беа обединети во своите напори и затоа нашата заедничка посветеност вроди со успех и приоднесе оваа година да имаме две зголемувања на цената. Најпрвин кон крајот на 2023 година, кога Тутунскиот Комбинат ја зголеми цената за 10% и потоа во февруари оваа година уште едно зголемување на откупната цена. Денес имаме рекордна, до сега највисока откупна цена на тутун од 365 денари по килограм тутун. Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот добива и 100 денари по килогам предаден тутун за прва класа или вкупно 465 денари за прва класа тутун.
Ние сме министерство кое искрено води грижа за секој земјоделец. Покрај фер откупна цена, за нас најважно е да обезбедиме и сигурен развој на тутунопроизводството. Во таа насока, за оваа година, креиравме нови мерки за поддршка на тутунарите. Основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Сите тутунопроизводители од оваа година, покрај субвенционирањето по класи, ќе можат во исто време заедно со другите земјоделци, да аплицираат и пријават површини по хектар. На тој начин се стекнуваат со право за користење на оваа нова мерка. Тутунарите преку оваа нова мерка, за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи да креира мерки и политики за поддршка на сите земјоделци и за развој на домашното производство – рече министерот Николовски.