Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес

Од:

Пред дуќаните на Нов мост „Гемиџии“ на улица „Илинденска“ во Велес, изутрината е пронајдено тело на починат маж Т.Ѓ. роден 1970 година, информира за МИА портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска. Таа појасни дека во 10 часот добиле известување од службата за Итна медицинска помош, за машко лице кај Нов мост, по што нивна екипа отишла на увид на местото на настанот.

Од Итна медицинска помош соопштија дека во 9.50 часот од страна на граѓани добиле повик за лице во бесознание во близина на Агенција за вработување.

Но кога нивната екипа пристигнала, лицето го пронашла не долу кај Агенцијата за вработување туку горе кај дуќаните на Новиот мост близу до ДОЗ.

Екипата на Итна медицинска помош само констатирала смрт без траги на насилство.

Би можело да ве интересира

Трагичен настан во Косово: Маж и бебе се пронајдени мртви во село кај Гњилане

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

Мртов маж е пронајден во куќа во Скопје

Горан Наумовски

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Осма жртва од западнонилска треска