Талибанците убија 18 полицајци во авганистанската провинција Бадахшан

Од:

Осумнаесет авганистански полицајци се убиени при напад од засада, додека се враќале од операција против бунтовниците во северната провинција Бадахшан.

– Тринаесет полицајци се ранети во истиот терористички напад, што беше изведен завчера во округот Вардуџ, соопшти денеска авганистанското Министерството за внатрешни работи.

Министерството дополни дека полициските сили во истиот реон претходно ликвидирале 47 бунтовници.

Талибанците во март убија 17 авганистански војници, кои беа заробени во истиот округ во провинцијата Бадахшан, што се граничи со Кина и важи за една од најмирните во земјата.

Талибанците своите напади ги концентрираат во јужниот дел на земјата, но понекогаш атентати извршуваат и во посеверните региони.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан