Околу 100.000 гласачи во Мичиген доставија празни ливчиња како предизборно предупредување до Бајден

Од:

Нешто повеќе од 100.000 луѓе не гласаа на прелиминарните избори за демократскиот претседателски кандидат, по кампањата насочена кон санкционирање на американскиот претседател Џозеф Бајден, член на Демократската партија на САД, пред изборите за шеф на државата, и за неговата поддршка за Израел за време на војната во Гази, покажуваат прелиминарните резултати објавени денеска.

Ова е „јасна и гласна порака“ до Бајден, кој бара втор претседателски мандат, дека е потребен „итен и траен прекин на огнот“ во војната на Блискиот Исток, рече Лејла Елабед, една од лидерите на „Слушај го Мичиген“.

Тоа движење го предводеше бојкотот на Бајден на партиските прелиминарни избори, а оние што одговорија гласаа со вметнување празно гласачко ливче.

На прелиминарните избори Бајден доби 614.000 гласови, односно околу 81 отсто од гласовите, а неопределените гласови, односно оние кои изразија бојкот на американскиот претседател, беа 100.000, што сочинува 13 отсто од гласовите.

На претседателските избори на 5 ноември, Бајден најверојатно ќе се соочи со ултра миленикот на републиканците и американската десница, Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел