„Форд“ планира во следните пет години на европскиот пазар да претстави дури 25 нови модели.
Европската филијала на „Форд“ на стариот континет ќе ја примени истата деловна стратегија што американската компаниј ја спорведе на пазарот во САД, во екот на кризата 2008-2009 година.
Идејата е на европските купувачи да им се понудат што поголем избор на модели во очекување автомобилскиот пазар во Европа да излезе од кризата.
– „Форд“ гледа напред и сака целосно подготвен да ги дочека подобрите денови за европската автоиндустрија, изјави Барбара Самарџиќ, шеф за развој во компанијата „Форд Европа“.
Претседателот на европскиот „Форд“, Стефан Одел, вели дека компанијата ги проширила претходните планови кога станува збор за зголемување на бројот на модели во Европа.
Во 2012 година беше соопштено дека „Форд“ ќе претстави 15 нови модели во следните пет години, а сега оваа цел е зголемена на 25 автомобили.
Процесот на лансирање на толкав број нови модели е олеснет благодарение на универзалните платформи и мотори што се произведуваат за глобалниот пазар на автомобилите на „Форд“.
Челниците на компанијата „Форд Европа“ не прецизираа за кои модели станува збор, но веќе се најавени „СУВ Форд Ејџ“, следната генерација на моделот „Мустанг“ и новиот „С-МАКС“, чиј концепт можеше да се види на штотуку оддржаниот авто-салон во Франкфурт.