Казна од 454 милиони долари, Трамп мора да плати огромна сума за финансиска измама

Од:

Судот во Њујорк му нареди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да плати повеќе од 454 милиони долари, откако беше прогласен за одговорен за погрешно прикажување на неговата нето вредност во случајот за финансиска измама што го покрена њујоршката обвинителка Летиша Џејмс.

Исплатата вклучува казна од 354,9 милиони долари, наметната од судијата на државниот суд на Менхетен, Артур Енгорон во средината на февруари, објави Ројтерс.

Енгорон, исто така, им нареди на синовите на Трамп, Доналд Трамп Јуниор и Ерик, да платат по речиси 4,7 милиони долари.

На поранешниот финансиски директор на Организацијата Трамп, Ален Вајзелберг, му беше наложено да плати 1,1 милион долари.

Енгорон, исто така, издаде тригодишна забрана за Трамп да води која било њујоршка компанија или да бара кредит од банки регистрирани во државата Њујорк, додека на неговите два сина им беше забрането да заземаат лидерски позиции во фирми на две години.

Трамп ги обвини демократите Џејмс и Енгорон за корупција и го нарече случајот лов на вештерки од политичките противници.

Енгорон го одби барањето на Клифорд Роберт, адвокатот на обвинетите, да се одложи извршувањето на пресудата за 30 дена за да се овозможи „уреден процес по пресудата“.

– Не успеавте да објасните, а уште помалку да оправдате никаква причина за доцнењето. Уверен сум дека Апелацискиот оддел ќе ги заштити вашите апелациони права, му напиша судијата на Роберт во е-пошта испратена во четвртокот наутро.

Летиша Џејмс претходно најави дека е подготвена да започне процес на запленување на имотот на Доналд Трамп доколку тој не може да ги плати 454,8 милиони долари утврдени со пресудата.

– Доколку нема средства да плати, ќе бараме механизми за извршување на пресудата на суд и ќе бараме судијата да му го заплени имотот, изјави Џејмс во интервју за ABC News.

Таа го спомна облакодерот на Трамп на Волстрит и посочи дека финансиските прекршувања не се без последици.

Ова е втор граѓански случај што Трамп го губи, по претходниот што го доби писателката Жан Керол.

Таа го обвини поранешниот претседател за силување, а на Трамп му беше наложено да и плати отштета од 83,3 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

САД: Трамп поддржа легализација на поседување и купување марихуана за лична употреба

Горан Наумовски

ВИДЕО: Харис ја зголеми предноста пред Трамп

Трамп ги обвини Бајден и Камала Харис за неодамнешниот обид за атентат врз него

Горан Наумовски

Трамп предупредува: Влегуваме во Третата светска војна

Против Трамп е покренато ново обвинение