Шефот на НАТО даде дозвола: На Украинците ќе им биде дозволено да стрелаат во Русија со авиони Ф-16

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за Радио Слобода изјави дека кога Украина ќе добие борбени авиони Ф-16 од своите сојузници, ќе има право на самоодбрана, вклучително и можност за напад на легитимни воени цели надвор од територијата на Украина.

На прашањето кога Украина ќе може да добие борбени авиони Ф-16, Столтенберг рече дека не може да каже конкретен датум. Тој повтори дека сите сојузници на Украина сакаат воените авиони да стигнат таму што е можно поскоро, но напомена дека ефектот од користењето на Ф-16 ќе биде посилен доколку пилотите се добро обучени, а екипите за одржување и другиот персонал за поддршка се добро подготвени.

„Значи, мислам дека треба да ги слушаме воените експерти за да знаеме кога сојузниците ќе бидат подготвени да почнат да испраќаат и испорачуваат Ф-16. Колку побрзо, толку подобро“, посочи Столтенберг. Тој истакна дека секоја членка на воената алијанса има право да одлучи дали ќе испорача авиони Ф-16 на Украина.

Тој потсети дека сојузниците имаат различна политика. Тој рече дека Украина е изложена на агресија и дека има право на самоодбрана, што вклучува напад на легитимни воени цели лоцирани на руска територија.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот