Општина Тетово и Универзитетот на ЈИЕ потпишаа два договори за соработка

Од:

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи и ректорот на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово, Замир Дика денеска потпишаа два договори за соработка помеѓу двете институции.

– Моите и политиките на универзитетот се базираат на знаење и користење на знаењето на науката за да имаме ефикасни политики. Потпишавме еден договор за генерална соработка на повеќе теми и посебен за примена на енергетската ефикасност. Еден од големите предизвици за политиките на нашата општина е токму тоа особено во училиштата и објектите на локалната самоуправа бидејќи според нашите анализи имаме одлив на големи средства токму поради недостаток на енергетска ефикасност во овие средини, рече Арифи.

Таа изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат преку вакви проекти ќе се придонесе за намалување на губитокот на средства и подигање на свеста за еколошките придобивки.
Според ректорот на УЈИЕ, Дика потпишувањето на договорите ќе придонесе за продлабочување на соработката помеѓу општината и универзитетот во областите каде тие имаат експертиза.

– Со првиот договор нашите резултати од научно истражувачката работа како консултанства и експертиза да ги ставиме на располагање на општината за изработка на квалитетни проекти согласно приоритетите на локалната власт во Тетово. Вториот договор е за конкретна работа бидејќи ние во соработка со италијанската влада имаме изработено климатски акционен план за универзитетот во рамките на кој имаме енергетска ефикасна зграда со употреба на зелени технологии за заштеда на енергија и намалување на емисија на штетните гасови. Доколку ова се примени на општината може да придонесе во стратегијата за одржлив развој и ние се обврзавме да изработиме физибилити проект за енергетска ефикасност што потоа заеднички треба да го реализираме во пракса. Се надевам дека ова е само почеток на една долгорочна соработка, изјави Дика.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски

Поплавени подвозниците во Тетово, атмосферските и фекалните води не се апсорбираат

Катерина Ѓуровски