Српскиот музичар и поранешен член на групата Генерација 5, Ѓорѓе Давид пред еден месец со својот автомобил уби жена во Македонија, а сега откри дека се сретнал со сопругот на жртвата.
Тој откри дека оваа средба и емотивен разговор му биле исклучително важни.
„Запознав човек чија сопруга загина во таа сообраќајна несреќа. Разговорот што го имав со него беше крајно човечки, нормален, крајно татковски. Тој е и татко на женско дете и јас, тоа ми беше многу важно да отстранам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од главата на човекот зад воланот. Мислам дека тоа му расчисти некои облаци во главата. Многу ми е важно човекот да е свесен за целата ситуација. Го направив најдоброто што можев во тој момент“, рече Ѓорѓе Давид и додаде дека никогаш нема да го заборави тој разговор.
“Седнавме на јавно место, еден спроти друг. Тоа беше многу емотивен разговор кој траеше 45 минути, никогаш нема да го заборавам. До тој степен ми е важно како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж, првиот концерт и слично“, истакна музичарот.