Ѓорге Давид остана без пасош и доби мерки на претпазливост за сообраќајката кај Табановце

Од:

Кумановското обвинителство определи мерки на претпазливост и привремено му го одзеде пасошот и други документи на стрпскиот музичар Ѓорге Давид кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа во која загина 49-годишна кумановка пред граничниот премин Табановце.

-По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот, соопшти Обвинителство.

Во сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот Куманово-Табановце на два километри пред граничниот премин, околу 20: 00 часот, учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки.

-Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Вчера од Обвинителството извршија увид во сообраќајната несреќа што се случи завчера пред граничниот премин Табановце во која настрада кумановка. Како што соопштија вчера од Обвинителството, според нивните првични сознанија, прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски национални ознаки, бидејќи, едно од возилата влегло на автопат во недозволена насока. Откако жената излегла од автомобилот во неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала.

Српскиот рок-музичар и член на жирито на српското шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид ја удрил жената која го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Табановце. Од повредите жената почина.

Во првата изјава по несреќата, Ѓорѓе Давид потврдува дека удрил пешак на автопатот.

– Точно е, се случи несреќа синоќа на три километри од македонската граница. Наводно, девојка и нејзиниот сопатник излегувајќи од своето место влегле на автопатот во спротивната насока. Возејќи во спротивна насока, девојката налетала на автомобил и директно се судрила со него. Во таа прилика тешко е повреден возачот на автомобилот во кој таа удрила, тој сега се бори за живот, додека неговиот сопатник е полесно повреден. Девојката која го возела автомобилот и удрила во нивниот автомобил е полесно повредена. Меѓутоа, нејзиниот сопатник не – раскажал Ѓорѓе за „Гранд“ и продолжи:

– По несреќата тие останаа на автопатот, едниот е на левата лента, другиот на десната и минута ипол потоа јас налетав со брзина пропишана со обележаното на автопатот и директно удрив во нив. Со мојот автомобил удрив сопатник кој шеташе по автопатот. Беше магла, ги вклучив долгите светла и тоа беше секунда. Јас налетав на таа личност која се шеташе по патот. Од силината на ударот излетав од автопатот и застанав во некои грмушки – објаснил музичарот.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓе Давид го запознал сопругот на жената што ја усмрти со автомобил: Сакав да си го тргнам товарот од срце

Предраг Петровиќ

Ѓорѓе Давид ќе се јавува еднаш месечно во Судот во Куманово

Горан Наумовски

Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија: Утрово се јавил во кумановскиот суд поради мерката за претпазливост