Советот на Општината трајно ја избриша Топилницата од картата на Велес

Од:

Советот на Општина Велес на денешната седница ја усвои предлог-одлуката за изменување и дополнување на Генералниот урбанистички план на Велес, за просторот кај Топилницата.
Со ова заврши целокупната процедура за бришење на Топилницата за олово и цинк од планската документација и пренамена на просторот во заштитно зеленило.

На ваквата одлука на почетокот на месецов и претходеше одлуката на надлежното Министертсво за транспорт и врски до Општината Велес, а кое достави согласност за промена на ГУП на Велес.

Според Александар Колев, претседател на Советот на Општина Велес ова е голема одлука за Советот, за граѓаните на Велес, бидејќи со неа се крунисува повеќедецениската борба на велешани за здрава животна средина.

Колев појасни дека конкретно на тој простор, повеќе не ќе може да функционира Топилницата или било која тешка и загадувачка индустрија. Процедурите за добивање на дозвола за работа подразбираат аплицирање на инвеститорот во случајот „Метрудхем“ до надлежните Министерства за транспорт и врски и Министертсвото за животна средина. Доколку на локацијата каде што ги предвидуваат своите активности со урбанистичкиот план не е предвидена намена за загадувачка индустрија, тие не ќе можат да добијат согласност, односно дозвола за работа. Тоа значи, појасни, дека на овој начин во овој момент се оневозможува функционирањето на Топилницата на оваа локација.

– Но, ова не значи дека завршува борбата за спас на Велес од Топилницата и борбата за здрава животна средина на Велес.Напротив треба да се превземат уште мерки, како што е дислокација на јаловината на згура или црниот рид над Топилницата, а кој е се уште опасност за градот, ќе треба да се превземат мерки за фиторемедијација или било која друга форма на прочистување на почвата на јавните површини во Велес, како и активности за дислокација на самите објекти од Топилницата, рече Колев. За таа цел, најави, Советот на Општина Велес ќе донесе решение со кое ќе именува нови членови во Одборот за спас од Топилницата, а на кои им е престанат мандатот, да ги продолжат овие зацртани активности во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ