Левица за висококатниците во Ѓорче Петров: 240 милиони профит на сметка за бетон, загаден воздух и руиниран водоснабдителен систем

Од:

Во сабота, (17.02.2024) на вонредна седница, советниците од ДПМНЕ во Советот на Општина Ѓорче Петров изгласаа катастрофален ДУП за градска четврт С3 16.

Со овој ДУП ќе се дозволи изградба на:

-21 кат (1 објект),
-18 ката (1 објект),
-16 ката (4 објекти),
-14 ката (два објекти)
-11 ката (6 објекти)
-9 ката (7 објекти),
-6 ката (1 објект)
-5 катници (9 објекти)

Дополнително, постои опасност да се изврши загрозување на трасата на главниот железарски цевковод Ф1600 со кој се врши водоснабдување на северниот дел на градот Скопје. Имено, во склоп на објект на Алкалоид таканаречената Лафома минува главниот железарски цевковод кој претставува основна водоснабдителна артерија на северниот дел на град Скопје. Во дворот на Лафома се наоѓаат и затварачи на делница од главниот железарски цевковод.

Исто така во непосредна близина се наоѓа и бунарското подрачје Лепенец.

Реализацијата на овој ДУП за градски четврт С3 16 е прикриен од страна на градоначалникот Стојкоски со изградба на училиште, а реално носи потенцијален профит на инвеститорите од 240.000.000 евра.

Шефот на урбаната мафија Стојкоски – наместо да го реши проблемот со водоснабдувањето на Ѓорче Петров потенцијално го загрозува водоснабдувањето на северниот дел на град Скопје!

ДУП за градска четврт С3 16 е доказ за интерес коалицијата ДПМНЕ – СДС, потпишана од тандемот Стојковски – Бочварски на штета на жителите на Ѓорче Петров, се наведува во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Левица: Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како „бесплатно“

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он