Статутот на Алијансата за Албанците, во член 51, предвидува Статутарната комисија да ги води постапките на вонредниот конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот на партијата се вели во реакцијата од Статутарната комисија на алијанса за Албанците.
– Настрана манипулациите и фалсификатите кои му претходеа на овој фарсичен Конгрес, ние како легитимни членови на статутарната комисија на партијата го потсетуваме поранешниот претседател на Собранието, г. Зиадин Села, дека Собранието на партијата на 21 јануари 2023 година избра Статутарна комисија во следниов состав: Ардиан Лимани (претседател), Кујтим Незири, Башким Бакиу, Сирија Рашиди и Атнан Незири (членови). Ние, долупотпишаните, Ардиан Лимани, Кујтим Незири, Сирија Рашиди и Башким Бакиу, секако, учествувавме на легитимниот Конгрес на Алијансата за Албанците одржан на 16 февруари 2024 година под раководство на претседателот Арбен Таравари. Единствениот член којн застана зад групата на незадоволни, е Атнан Незири. Денеска на нелегитимниот конгрес организиран од незадоволната група, се слушна дека Тирон Јахјага е претседател на статутарната комисија. Единствениот легитимен член на изманипулираната статутарна комисија беше Атнан Незири, кој реши да стане дел од фалсификат. Ова сведочи за уште еден фалсификат, бидејќи само претседателот на партијата може да предложи именување или разрешување на членовите на Статутарната комисија, за што мора да се гласа во партиското Собрание. Ваквите фалсификати ќе имаат правни последици, се вели во соопштението потпишано од Ардијан Лимани, Башким Бакиу, Сирија Рашиди и Кујтим Незири.