ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Од:

Околу 900 тони литиумски батерии горат во фабрика за рециклирање батерии во јужна Франција, создавајќи облак од густ црн чад, соопштија денеска француските власти.

Пожарот избувна вчера во магацин во сопственост на француската група за рециклирање СНАМ во Вивиез, северно од Тулуз, објави локалниот советник Паскал Мазе на платформата Х.

Весникот „Монд“ објави дека околу 70 пожарникари се борат да го стават пожарот под контрола. Локалниот функционер Чарлс Џусти изјави за телевизијата БФМ дека нема опасност за луѓето што живеат во близина.

Литиумските батерии се од витално значење во електричните уреди од телефони до електрични автомобили, но тие содржат запаливи материјали кои, во комбинација со енергијата што ја складираат, може да ги направат подложни на палење кога се изложени на топлина. Согорувањето на литиумските батерии е потенцијална опасност поради ослободување на токсични материи.

Во издаденото безбедносно известување се предупредува дека во случај на голем пожар, производите во фабриката веројатно би испуштале кадмиум. Кадмиумот е многу отровен и опасен за животната средина, но се наведува дека отровните испарувања не треба да претставуваат непосредна опасност по здравјето на жителите.

Во јануари минатата година, голем пожар избувна во магацин во Нормандија, каде се складирани автомобилски компоненти и илјадници литиумски батерии, а пожарот беше ставен под контрола без жртви. Пожарникарите рекоа дека нема индикации за опасно загадување на воздухот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција