Најмалку 143 жртви во напад на исламистички екстремисти во Нигерија

Од:

Група работници кои работеле на уредување на земјштето крај еден автопат во североисточниот дел на Нигерија, откриле тела  на најмалку 143 цивили убиени од припадници на исламистичката екстремистичка организација Боко Харам, изјави денеска претставникот на нигериското Министерство за екологија, Абдулазис Коломи.

Коломи нагласи дека дел од пронајдените тела биле обезглавени и дека тие најверојатно биле убиени во ноќта меѓу вторникот и средата.

Според локалните медиуми, безживотните тела биле пронајдени крај автопатот во близина на селото Бенишејк, на околу 70 километри североисточно од главниот град на нигериската сојузна држава Мајдугуру, Борно.

Неименуван припадник на Вооружените сили на Нигерија претходно соопшти дека екстремисти маскирани во армиски униформи нападнале 20-тина возила на овој дел од автопатот. Според него, екстремистите во нападот користеле  арлтилериско оружје, автоматски пуштки и бомби.

Претходно беше соопштено дека во напад на екстремисти на Боко Харам во реонот на Борно биле убиени најмалку 87 лица. Засега нема информации дали станува збор за еден ист напад или пак за серија координирани акции на исламистите.

Групата Боко Харам во 2009 година започна герилска војна  со цел создавање на исламска држава на северот од Нигерија. Во нападите на екстремистите во изминативе четири години загинаа неколку стотици лица. Иако нигериските власти тврдат дека „речиси успеале да го задушат бунтот“, припадниците на Боко Харам и натаму продолжуваат со напади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он