Најмалку осум палестински цивили загинаа во серија израелски воздушни напади врз станбени населби. Меѓу загинатите има и деца.
Нападнати се населби во централна Газа.
Истовремено, палестинската Црвена полумесечина потврди дека во Кан Јунис, во јужна Газа, израелските сили заробиле најмалку 12 членови на организацијата, меѓу кои и медицински персонал.
Црвената полумесечина апелира до меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел за ослободување на притворените припадници на организацијата, за тие да помагаат во заштита на хуманитарните тимови во Појасот Газа.