Учесник во сообраќајка превезувал мигранти, странците избегале од местото на несреќата

Од:

На 16.02.2024 на автопатот Демир Капија – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за гранични провери и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Т.П.(38) од Скопје затоа што со возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки превезувал пет лица мигранти од Народна Република Кина.

Имено, околу 13.10 часот било пријавено дека во близина на клучка Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен берлинго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(70) од Валандово и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П., од кое по незгодата излегле мигрантите.

Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот Р.Д. и Ѓ.М., сопатник во неговото возило, констатирани во Општа болница Гевгелија. Полициски службеници на местото го затекнале Т.П., а по пребарување на теренот ги пронашле мигрантите, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле и престојувале во државата.

Т.П. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“