СДСМ: Лошите одлуки на ДПМНЕ го кочат издавањето пасоши

Од:

Во соопштението до јавност, СДСМ вели дека со погрешни одлуки ВМРО-ДПМНЕ уште толку го кочи целиот процес на издавање важечки лични документи.

Соопштението го пренесуваме во целост:

ДПМНЕ не може да испорача решение и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.

ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи.

Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци.

Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство доцни со реализацијата.

Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед.

ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.

Наместо решение ДПМНЕ, создава дополнителен хаос.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ