Османи од Минхен: На овие избори граѓаните ќе се одлучат за Европа или Русија

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на Минхенската безбедносна конференција се обрати на панелот „Иднината на Западен Балкан – предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”.

“Земјите од Западен Балкан се подложни на хибридни влијанија од трети земји со кои се поткопува стабилноста на регионот, како и напорите за градење јасен пат кон европските и евроатлантски интеграции. Притоа, поддршката од САД и ЕУ е од клучно значење за надминување на предизвиците со кои се соочуваме.” рече Османи, истакнувајќи дека идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата.

Во обраќањето, Османи ја реафирмираше заложбата за продолжување на реформските процеси, но и примена на принципот за градуален пристап кој треба да биде базиран на заслуги.

“Идното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е од значаен економски и безбедносен интерес и за регионот и за Унијата. Концептот ‘Повеќе интеграција пред полноправно членство’, е комплементарен со Планот за раст за Западен Балкан при што, покрај подобрувањето на демократските процеси, економската и безбедносна состојба на земјите од Западен Балкан, би придонел и за значително унапредување на отпорноста и зајакнување на заедничкиот одговор кон споделените предизвици,” истакна Османи

На маргини на Минхенската безбедносна конференција, Османи оствари и билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ