Приведен криумчар на мигранти кај Демир Капија

Од:

На 16.02.2023 во 13.10 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода В.Б.(38) од Шуто Оризари – Скопје.

При контрола во возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Народна Република Кина, за кои при проверка било утврдено дека илегално влегле во државата.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите