ИЈЗ: За седум дена пријавени 17 нови случаи на голема кашлица

Од:

Во последните седум дена, од 9 до 15 февруари се пријавени 17 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 21 отсто во однос на претходниот неделен период за пријавување, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје(ИЈЗ).

Од ИЈЗ информираат дека сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број се од возрасната група од 10 до 19 години. Според податоците на ИЈЗ, од новите 17 случаи, пет случаи се хоспитализирани, од кои три деца на возраст до четири години, и по едно во возрасна група од 5 до 9 години и од 10 до 14 години.

Од ИЈЗ посочуваат дека од добиените податоци од центрите за јавно здравје низ целата земја во периодот од 18 јануари до 14 февруари пронајдени се 4 197 деца пропуштени за вакцинација, од нив се вакцинирани 984 (23 отсто).

-Од вакцинираните, најголем број и процент примиле I-ва ревакцина (439; 45 отсто). Согласно возраста и Календарот за редовна вакцинација, вакцинирани се 4.679 деца на возраст до 7 години, а најголем број и процент (1.591; 34 отсто) од вакцинираните примиле II ревакцина на школска возраст, посочуваат од ИЈЗ.

Првиот пријавен случај со голема кашлица беше јануари годинава. Заклучно со вчерашниот ден во ИЈЗ се регистрирани вкупно 39 случаи на голема кашлица. Најголем број од граѓаните кои се заболени со голема кашлица живеат во Скопје – 33 (84,6 отсто) во девет различни општини, три лица во Куманово, двајца во Гостивар и еден во тетовско Боговиње.

Би можело да ве интересира

Во Србија уште едно бебе почина од голема кашлица

А1он

Десет нови случаи на голема кашлица, хоспитализирани три лица

Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 981 случај во државава

Нови 38 случаи на голема кашлица, од нив шестмина хоспитализирани

631 случај на голема кашлица во земјава, три нови хоспитализации

Катерина Ѓуровски

Нови шестмина хоспитализирани, вкупно 553 случаи на голема кашлица до 9 мај