Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан

Од:

Командант на Хезболах, уште двајца членови на таа милитантна група и седум цивили се убиени во израелски напад врз јужен Либан, изјави денеска неименуван безбедносен извор, прецизирајќи го бројот на жртвите во рацијата што беше извршена претходниот ден.

Истиот командант на Хезболах беше ранет во израелски напад на јужниот либански град Набатиех пред една недела, изјави извор од безбедносните сили кој не сакаше да биде именуван бидејќи не е овластен да дава изјави за медиумите, објави „Тајмс оф Израел“.

Во моментот на првиот напад, медиумските извештаи го идентификуваа како Абас ал Дебес.

Хезболах во денешното соопштение го идентификува како Али Мухамед ал Дебеса (48).

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан