МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Од:

Во одговор на медиумските наводи за испратена нота до италијанското МНР, Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско – конзуларно претставништво на Република Северна Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација.

Ова го велат од МНР за МИА, по наводите објавени во дел од македонскиите медиуми, дека амбасадорот во Рим, Весел Мемеди самоиницијативно до италијанските власти доставил нота во која ги известил дека и валидните патни исправи со името Република Македонија до 12 февруари се неважечки.

-По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, стои во соопштението на МНР.

Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, додаваат оттаму.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија