Четири лица загинаа во пожар во Бар, во населбата под ридот Волујица.
Меѓу жртвите има и деветнаесетгодишно девојче, две малолетни и една жена, велат од Црвениот крст и полицијата за „Вијести“.
Се уште не се познати причините за пожарот кој избувна во раните утрински часови.
„Во четири часот и 35 минути, припадниците на Службата за заштита и спасување ги известиле дежурните во Одделението за обезбедување на Бар дека има пожар во монтажните бараки под Волујица, каде што живее ромско население. Пожарот зафатил неколку згради. На местото на настанот пристигнала екипа пожарникари од Бар со повеќе возила, а при гаснењето на пожарот биле пронајдени четири неидентификувани тела“, велат од полицијата за Радио Бар и Бар Инфо.