Претседателот на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на САД, Мајк Тарнер има разузнавачки информации за „сериозна закана за националната безбедност“.
Тој ја достави информацијата до сите членови на Конгресот на разгледување.
Два добро информирани извори и неименуван американски функционер за Си-Ен-Ен изјавија дека „заканата е поврзана со Русија“. Повеќе извори запознаени со разузнавањето ги опишаа информациите како „многу чувствителни“.
Претходно во средата, Тарнер испрати писмо до своите колеги од Конгресот во кое се вели дека има „итна работа во врска со дестабилизирање на странските воени способности“.
Еден извор кој ја видел разузнавачката информација потврдил дека „тоа е, всушност, многу вознемирувачка и дестабилизирачка руска способност за која неодамна дознавме“.
Тарнер во писмо до колегите рече дека Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом гласал на 13 февруари одредени информации да им бидат достапни на пратениците за разгледување и рече дека членовите имаат рок до петок да ги разгледаат.
Тој, исто така, го повика претседателот Џозеф Бајден да ги декласифицира „сите информации поврзани со оваа закана“.
Советникот за национална безбедност Џејк Саливан рече дека тој лично побарал средба со највисоките пратеници во комитетите за национална безбедност пред Тарнер јавно да предупреди за, како што рече, „сериозна закана за националната безбедност“.
Саливан рече дека средбата со „клучната осумка“ е закажана за утре.
„Тоа беше познато, па јас сум изненаден што конгресменот Тарнер излезе толку јавно денес, во пресрет на состанокот на кој требаше да разговарам со него и со други експерти за разузнавање и одбрана“, рече Саливан.
Саливан рече дека дефинитивно ќе разговара со Тарнер на состанокот утре, одбивајќи да даде повеќе информации за тоа каква е заканата.
„Не сум во позиција да дадам повеќе информации во овој момент“, рече тој.
Тој нагласи дека администрацијата на Бајден „отиде чекор подалеку и се справи со декласификацијата на разузнавачките податоци во национален интерес на САД на стратешки и креативен начин повеќе од која било администрација во историјата.