Тошковски: Ако на граница ве спречат да излезете со стар документ, да побарате писмено образложение

Од:

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети граничниот премин Табановце каде на лице место ја утврди фактичката состојба поврзана со преминувањето на границата на возила и патници кон соседна Србија.

Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин министерот беше известен дека сѐ се одвива во најдобар ред согласно утврдените правила и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името “Република Македонија“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.

Од страна на министерот Тошковски беше потенцирано она што во изминатите денови го соопштивме како министерство, а тоа е правото на граѓаните доколку бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за истото.

Исто така, министерот кратко ги поздрави и одговорните полициски службеници од српската гранична полиција кои потврдија дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено и во таа насока се заблагодари за одличната соработка која ја имаме како министерства.

Би можело да ве интересира

Тошковски најави нова мерка: Итна заштита за жртвите на семејно насилство

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски