Земјоделците во Бугарија денеска организираа протест пред зградата на Владата барајќи оставка од министерот за земјоделство Кирил Ватев.
Претседателот на Здружението на земјоделски производители (АЗПБ) Венцислав Врбанов изјави дека протестот не мора да се случи доколку министерот Ватев поднесе оставка, пренесува БТА.
– Министерот си дозволи да не дели на „наши“ и „нивни“. Тој е одговорен за се што се случува во нашиот сектор. Затоа мора да поднесе оставка, рече Варбанов.