Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Од:

Синдикатот на Клинички и Гранковиот синдикат денеска на прес-конференција побараа новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Владата.

Претседателите на овие синдикати, Предраг Серафимовски и Љубиша Каранфиловски појаснија дека целта е да се информираат вработените во јавното здравство за активностите по потпишување на последниот анекс од 10 октомври, а по најавеното покачување на минималната плата од страна на Владата од месец март на 22.700 денари.

– Во договор, ние формиравме тим заедно со Министерство за здравство за изработка на анекси за корекција на коефициентите на сите профили во здравството, динамика на исплата на истите. По неколку состаноци постигнавме договор со министерот за здравство, рече Серафимовски.

Како што беше кажано на прес-конференцијата, анекси се уште не се потпишани и тоа не е прифатливо за синдикатите.

Иако лицата кои работат со договор не се дел од синдикатот, како што рече Серафимовски, синдикатот ги поддржува. Правната служба на синдикатот, како што додаде, им стои на располагање за правна помош.

– Бараме покачување на платите на сите профили. Бараме прием кај техничкиот премиер за трансформација на договорците од определено на неопределено време, разрешница со хаосот во паркирањето во кампус „Мајка Тереза”, наброја меѓу другото, Серафимовски.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство