Епидемија на морбили прогласена во кантонот Сараево во Босна и Херцеговина. Соопштението е објавено и во Службен весник на БиХ, заедно со препорачаните мерки за сузбивање на заразната болест.
Мерките вклучуваат едукација за превенција од заразни болести, рано откривање на изворот на инфекцијата и начините на пренесување, пријавување и изолирање на болните, хоспитализација и лекување, како и зголемена имунизација на децата, пренесува Klix.ba.
Ова не е првпат во Босна и Херцеговина да се прогласува епидемија на морбили, со оглед на тоа дека претходно беше прогласена во Тузла и Бјелина.