ВИДЕО: Расте бројот на мртви во БиХ, спасувачите објавуваат драматични снимки

Од:

Според официјалните податоци на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон, бројот на загинати во подрачјето погодено од поплавите се зголеми на 18. Пребарувајќи ги терените на Коњиќ и Јабланица, спасувачите пронашле уште две безживотни тела, едното во Бутуровиќ Поље, другото во областа Доња Јабланица, соопшти владата на ХНК.

Последните информации говореа дека бројот на жртви во оваа област е 13, но дека неколку лица се водат како исчезнати.Вкупниот број на жртви во поплавите во Босна и Херцеговина се искачи на 18, бидејќи три лица беа пронајдени мртви во областа Фојница.

Припадниците на Цивилната заштита на Српска учествуваат во акцијата за пребарување и спасување во Долна Јабланица. Еден од нив снимил видео на кое се гледа дека водата му дошла речиси до рамениците.

Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија денеска испрати барање за меѓународна помош за санирање на последиците од поплавите и свлечиштата што зафатија повеќе општини во Босна и Херцеговина.

Барањето е испратено откако Владата на ФБиХ донесе одлука дека, поради обемот на поплавите, потребна е меѓународна помош за расчистување на последиците и достави список со најпотребна опрема и ресурси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Судот во Валенсија е привремена мртовечница, бројот на жртви блиску до 100

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 64 жртви во најсмртоносната поплава во Шпанија во последните три децении