По тешката операција, принцезата од Велс замина на одмор за закрепнување

Од:

По тешката абдоминална операција, принцот и принцезата од Велс, заедно со децата, заминале на закрепнувачко патување, на кое се очекува таа целосно да оздраве.

Кралското семејство од Велика Британија деновиве се соочува со здравствени проблеми на два клучни члена – Кејт, принцезата од Велс и кралот Чарлс трети.

Неодамна принцезата беше на тешка операција, а сега со принцот Вилијам и трите деца, заминале на одмор на имотот Сандрингем во Норфолк. Извесно време принцезата нема да презема кралски должности, се додека целосно не закрепне.

Според неодамнешното соопштение на Кенсингтонската Палата, принцезата Кетрин нема да се врати на јавните должности се до Велигден.

Истовремено, известуваат дека нејзините здравствени проблеми не биле поврзани со карцином, како што беше случај со кралот Чарлс.

Би можело да ве интересира

Маскирани крадци влегоа во замокот „Виндзор“ додека Кејт и Вилијам со децата спиеја во близина

А1он

Се појави фотографија од Кејт Мидлтон од студентските денови

А1он

Нивните расправии се сериозни, таа има начин да се справи со Вилијам

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Принцот Вилијам се раскока и запеа на концертот на Тејлор Свифт

Предраг Петровиќ

Се јави Кејт Мидлтон, има порака

Британците бесни на принцот Вилијам и загрижени за Кејт: Кажете ни повеќе за горчливата вистина