Костовски: Од ДПМНЕ не гласаа за своите министри, а денеска ги бранат министрите на Таравари

Од:

Треба да објасни ДПМНЕ на своите министри, на своето членство зошто не бекна ниту збор за нивниот избори на нивните министри, а сега како лавови се борат и ги бранат министрите на Таравари, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Мартин Костовски, денеска во македонското Собрание.

-Пратениците на ДПМНЕ немаат став за своите министри но ги бранат министрите на Таравари. Кога требаше да гласаат за своите министри не гласаа. Може да констатираме дека ДПМНЕ нема став и нема кредибилитет воопшто да зборува за оваа тема, рече Костовски.

До оваа ситуација со разрешувањето доаѓаме откако дел од мнистритите кои се од Алијанса се изјаснија дека сакаат да одат во опозиција. Влегувањето на Алијанса во Владата беше врз база на политички договор и приницпи, взаемна согласност за реализација на владината програма. Со одвојувањето на дел од оваа партијата нормално е да продолжиме да соработуваме со оние кои сакаат да ја поддржат и да останат во Владата. Сметаме дека е крајно несоодветно, политички некоректно и нечесно кон граѓаните доколку некој смета дека треба да биде опозицијата а да биде дел од оваа влада, додаде Костовски.

Ниту сакаме ниту намера да се мешаме во внатрешните работи на Алијанса. Нашиот капацитет е насочен кон тоа да ја исполниме владината програма, потенцираше Костовски.

-Поделбите внатре во Алијанса ги сметаме дека се внатрешно прашање на оваа партија, за кое очекуваме разврски во самата партија преку одлуки на нивните телата и органи. Долгорочно изборот пред партиите е дали ќе бидат со проевропскиот, прозападниот блок или со антиевропскиот, односно опозицискиот блок на исток. Ве поканувам на 9 ти мај да ја прославиме победата на европскиот фронт, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски денеска во македонското Собрание.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме