Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Општина Свети Николе, каде што со земјоделците разговараше за новите мерки оваа 2024 година, но и како што рече за сите резултати во земјоделството што заедно ги имаат направено. Посочи дека во 2024 година сите земјоделци добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка која е креирана во 2019 година и по која сме препознаени во регионот и која е од директна помош за секој земјоделец.
-Вложуваме во модернизација на македонското земјоделство, давајќи поддршка на земјоделците во набавка на опрема и земјоделска механизација, преку програмата за рурален развој и преку ИПАРД програмата. Поддршката во модерно и развиено македонско земјоделство ја продолжуваме и оваа година. 10 милиони евра преку програмата за програмата за рурален развој ставаме на располагање за инвестиции преку мерката бизнис план, поддршка во набавката на приплоден добиток, модернизирајќи го домашното земјоделство. Преку програмата за рурален развој оваа година даваме поддршка на земјоделците и во набавка на комбајни за жито и набавка на трактори, вели Николовски.
Забележа дека мерката бизнис план во земјоделството, која стартуваше во 2023 година ги даде своите резултати. Преку оваа мерка се овозможи секој индивидуален земјоделец сам да одбере во што ќе инвестира и каква опрема и механизација ќе набави.
-Доделивме рекордни 206 договори во вредност од 1,5 милион евра. Она што посебно ме прави среќен е што од овие 206 апликации, 121 апликација се на млади земјоделци и 115 на жени земјоделки носители на земјоделски стопанства. Доделивме 730 решенија за набавка на трактори во вредност од 500 милиони денари, како кофинасирање од 50% до 75% од вредноста на набавениот трактор, изјави денеска Николовски.
Тој додаде дека секоја педа обработлива земјоделска површина се става на располагање до земјоделците за производство на храна, а за што како што рече Николовски тоа најдобро можат да го потврдат токму земјоделците од светиниколско. Само во изминативе две години на располагање до земјоделците се ставиле 17.956 хектари, државно земјоделско земјиште.
Дејан Гичев раководител на подрачната единица на МЗШВ-Свети Николе при денешната посета на техничкиот министер, Николовски истакна дека Свети Николе како регион може да се пофали по број на договори, активни 1.800. Се надеваме со претходните два огласи објавени плус 50 нови договори и со денешното објавување на јавниот повик околу 150, значи ќе ја надмине бројката околу 2.000 активни догооври. Да се пофалиме во овие шест години како се дава зелана нафта во регионот Свети Николе имаме 2.500 земјоделци коишто ја користат нафтата која секогаш ја доставуваме од 1 септември до 30 април и вредноста годишно изнесува околу 300.000 евра, вкупно два милиони евра средства се влезени како пари за зелена нафта Свети Николе и Лозово, рече Гичев.
Тој даде дека Овчеполскиот регион е втор регион по житни култури, од страна на земјоделците за одгледување најмногу има интерес за житни култури, но застапени се и подигање на лозови насади, овошни насади, а годинава ќе се прават оранжерии на околу 40 хектари.
– На претходните инвестициски огласи ќе се прават и нови откупни центри. Тука е фабриката за биогас во село Сарамзаино припаѓа во нашиот регион, тоа е наша иницијатива. Веќе 95 проценти од целокупната површина е дадена на закуп, вредноста достигнува околу милион евра. 80 отсто се враќаат во општините 500.000 евра во општина Свети Николе, 300.000 во Лозово и 200.000 евра во државата, вели Гичев.