НАкС: Потребно транспарентно финансирање, а не зголемување на студентската партиципација

Од:

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска соопшти дека дискусијата по повод отпочнување на разговори од страна на раководството на УКИМ за зголемување на висината на студентската партиципација е во погрешна насока и нема да го реши проблемот со финансирањето на високото образование и науката во државата.

Од НАкС сметаат дека универзитетите треба да предлагаат решенија кои се во насока на подобрување на транспарентноста на финансирањето и реализацијата на буџетот од Министерството за образование и наука, а не во зголемување на издатоците на грбот на студентите.

-НАкС, од своето основање во 2016-та година до денеска, се бори за воведување на транспарентен систем на финансирање во високото образование. Со ова подразбираме создавање јасна методологија за креирање на буџетот на Министерството за образование и наука, со воспоставени критериуми за распределба и реализација на средствата кон различните високообразовни и научни институции, и секако, критериуми по кои се формираат платите на кадарот во секторот високо образование и наука, соопштија од синдикатот.

Студентската партиципација, сметаат од НАкС, треба да се користи исклучиво за подигнување на студентскиот стандард, вклучувајќи ги опремата и материјалите кои им се потребни за да бидат подобри студенти, а никако за покривање на другите трошоци на универзитетите.

-Одговорноста за финансирањето на високообразовните и научните установи припаѓа исклучиво на државата и ресорните министерства, а понатака на раководствата на универзитетите и факултетите, велат од синдикатот.

Ова доаѓа по објавите во медиумите за наводно зголемување на партиципација на студентите. Претседателот на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски изјави дека тоа не е барање на Министерството за образование, туку станува збор за внатрешни процедури на

Би можело да ве интересира

Кандидатите за ректор на УКИМ се претставија на трибина организирана од НАкС

Ана Ололовска

НАкС: Синдикалното здружување вреди

Ана Ололовска

НАкС: Поддршка за студентите за зачувување и унапредување на студентскиот стандард

Ана Ололовска

НАкС се приклучува кон барањата за усогласување на платите врз основа на зголемувањето на минималната плата

Ана Ололовска

НАкС: Покачувањето на минималната плата е чекор напред, очекуваме зголемување и на другите плати согласно колективните договори

Ана Ололовска

НАкС: Најновиот правец на развој сугерира потреба од зголемено влијание на високото образование

Ана Ололовска