Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е задоволен што истрагата на специјалниот обвинител за неговото ракување со чувствителните владини материјали завршила без обвинение.
„Мило ми е што дојдоа до заклучок до кој секогаш верував дека ќе дојдат – дека нема да има обвиненија во овој случај и дека работата сега е завршена“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.
Тој во соопштението објавено од Белата куќа наведе дека целосно соработувал, не поставувал пречки и не барал одложувања.