Кралицата Камила: Кралот Чарлс се чувствува „исклучително добро“ по дијагнозата на рак

Од:

На британскиот крал Чарлс Трети му оди „исклучително добро под околностите“ откако почна да се лекува од рак, изјави денеска кралицата Камила.

„Тој е многу трогнат од сите писма и пораки за поддршка од сите страни“, рече Камила на музички концерт во чест на работата на локалните добротворни организации во катедралата Солсбери во Вилтшир.

Бакингемската палата во понеделникот објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран „еден вид рак“, кој бил откриен додека британскиот монарх се лекувал од зголемена простата минатиот месец.

Видот на ракот не е откриен, а еден ден по дијагнозата, кралот ја напуштил резиденцијата Кларенс со сопругата Камила, со хеликоптер пристигнал во Бакингемската палата, а потоа полетал во правец на Сандрингем во Норфолк, кралската резиденција северозападно од Лондон, јавува Би-Би-Си.

– Сè уште не е познато за каков вид на рак се работи, но кралот почнал со „редовни третмани“ во понеделникот, се вели во соопштението.

Кралот се повлече од сите јавни должности додека се лекува, соопшти палатата. Високи членови на кралското семејство, вклучително и кралицата и принцот од Велс, ќе преземат некои од неговите должности.

Би можело да ве интересира

Кралицата Камила извести од Северна Ирска: Кралот Чарлс е многу добро

Oткриено е како Чарлс и Камила ја минаа вечерта пред крунисувањето

ВИДЕО: Маж фрли јајца кон Чарлс и Камила: Оваа земја е изградена врз крвта на робовите

А1он