Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Од:

Денеска околу 13.45 часот на раскрсница помеѓу селото Бомово и Дебар, во близина на државната граница со Албанија полициски службеници од полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го уапсиле М.А. (31 ) од Дебар.

„Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Калифорнија: Затворски службеници се повредени од затвореник

Затвореник со стаклена чаша нападна и повреди затворски полицаец

Во болница почина затвореник од „Идризово“

Почина осуденик од затворот „Идризово“

Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна

Tурчин кој одлежувал казна во „Идризово“ починал во болница