Државните пари како грантови или државна помош наместо кај граѓаните и фирмите низ фер постапка, завршуваат кај фирмите на семејствата на врвот на власта. Пет милиони, од вкупно 6-те милиони денари државни пари за грантови од ФИТР завршиле кај две фирми на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, познатиот талентиран бизнисмен кој ја презема Соравиа без вложен денар, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
– Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, добила околу 32.000 евра за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“, а втората негова фирма Еверест ЏД добива 50.000 евра за проектот „Data management Efficiency System“. Вкупно 82.000 евра од ФИТР управуван од кадарот на ДУИ – Фестим Халили, за внукот на неговиот партиски шеф, Дрин Ахмети. Ако за двата проекти се доделени пет милиони денари, а вкупно биле предвидени шест, нејасно е дали воопшто некоја друга компанија добила пари од ФИТР за проекти по овој јавен конкурс. Го повикуваме ЈО да отвори постапка по однос на Дрин Ахмети и добивањето пари од ФИТР, особено ако се земе во предвид фактот што го констатира и ДКСК, а тоа е промената на роковите за проектот и неизвршениот надзор за сработеното, а предвидено во проектот, рече Јанушев.