Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, АА е единствена

Од:

Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерава министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Според нив Алијанса за Албанците е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

– Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите, што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да не фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат, изјави Алиу, на прес-конференција од пред Владата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он