Петрушевска: ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува студентските барања за измена и дополнување на Законот за студентски оброк

Од:

Оваа изјава е со цел да Ве информираме дека ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ реализиравме средба со претставниците на студентите, со Универзитетското студентско собрание, претседателот Николовски и неговиот тим. Имено, тие до Собранието доставија барање за измена и дополнување на Законот за студентски оброк. Ние како пратеничка група веднаш го поднесовме и оваа прилика ја користам да ја изразам поддршката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ токму за барањата на студентите вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска.

– Законот ќе се најде на утрешната седница, меѓутоа она што забележавме е дека законот е ставен како 23-та точка. Оттука, ние како пратеничка група ќе побараме оваа точка да биде приоритет бидејќи зконот го поднесовме во скратена постапка односно да се најде како прва точка на дневниот ред заради тоа што ценам дека е исклучително важно да има консензус во врска со барањата на студентите и апсолутно нема потреба да се одолговлекува постапката. Ги повикуваме колегите од пратеничките групи да се приклучат кон ова барање и да го поддржат законот со цел да излеземе во пресрет на потребите и барањата на студентите и веднаш после тоа, бидејќи истиот ќе се најде и на Комисијата за финансирање и буџет, сме подготвени истиот ден да ја повикаме Комисијата за финансирање и буџет, рече Перушевска.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција