ВМРО-ДПМНЕ: Битката за Македонија која Делчев ја доби е обврска за нас да ја продолжиме кон просперитетна и силна држава

Од:

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Владо Мисајловски, во состав од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, претседателот на Правна Комисија Панче Тошковски и пратеничката Велика Стојкова Серафимовска денес положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот великан Гоце Делчев, по повод 152 години од неговото раѓање.

„Делчев е апостолот на Македонското револуционерно движење, човек кој својот млад живот го положил на олтарот на татковината за слободата на Македонија. Без жртвата на Гоце Делчев, неговата посветеност во делото за ослободување и семето кое го засади во 1903, немаше да постои ниту 1944, ниту 1991. Македонија се темели на жртвата на Гоце Делчев и сите негови претходници и соборци, како и тие кои инспирирани и водени од неговото дело ја продолжија битката за Македонија.
Битката за Македонија кои тие ја добија е наша обврска да работиме, државата која ја уништија да ја вратиме и воскреснеме. Македонија може многу подобро од тоа што е денес. Македонија има нови деца во ликот на Делчев, кои на модерен начин ќе ја водат битката за Македонија, просперитетна и силна“, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски