Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

Од:

Најмалку 46 лица загинаа во шумските пожари во централниот дел на Чиле, објави денеска чилеанскиот претседател Габриел Бориќ, предупредувајќи дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

Официјални лица додадоа дека најмалку 1.100 домови биле уништени во пожарите.

Чилеанската министерка за внатрешни работи Каролина Тоха изјави дека во моментов горат 92 шумски пожари во центарот и јужниот дел на земјата, каде што температурите се невообичаено високи оваа недела.

Тоха рече дека од петокот, кога избувнаа, најмалку 8.000 хектари земја изгореа во два пожари во близина на градовите Килпуе и Вила Алемана.

Таа рече дека спасувачките тимови сè уште се борат да стигнат до населбите во Валпараисо, еден од најтешко погодените градови.

Toxa додаде дека 19 хеликоптери и повеќе од 450 пожарникари се донесени во зоната за да го контролираат пожарот, пренесува АП.

Претходно чилеанскиот претседател Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба, а Националната служба за превенција и одговор при катастрофи издаде црвен аларм и побара евакуација на шест општини, пет во близина на градот Виња дел Мар и една во Вила Алемана.

Би можело да ве интересира

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино